Подметнувачот на пожарот во бугарскиот клуб стигнал со велосипед и носел маска

Лицето кое го подметнало пожарот на влезните врати во бугарскиот културен ценатр „Иван Михајлов“ во Битола пристигнало со велосипед и имало маска на лице, изјави за Бугарската телевизија министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска. Таа додаде дека откако го предизвикало пожарот лицето брзо се оддалечило.

-„Подметнатиот пожар во Битола е изведен ладнокрвно и намерно„Моите очекувања се дека судството во Северна Македонија ќе си ја заврши работата. На снимките на една од камерите можев да видам човек кој мирно пристигнува со велосипед, вади цевка со запалива течност и мирно ја истура течноста пред вратата од куќата. Оваа смиреност беше малку нарушена, бидејќи пожарот што избувна беше огромен, се исплаши, се сомневам дека лицето има некои повреди од овој пожар, можеби ќе побара лекарска помош. Човекот носел маска. Мое лично мислење е дека ова дело е направено ладнокрвно и намерно и намерно, рече Генчовска.

Таа додаде дека очекува судството во Македонија да си ја заврши работата.

-Не верувам дека тоа ќе влијае на нашиот однос со Цеверна Македонија. Во моментов нашите односи се нормални и конструктивни, има нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно и потребни се многу часови, продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство, изјавила Генчовска.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Нема да прифатиме договор со Бугарија, кој е штетен за Македонија
Следна вестОбвинителството побара притвор за 16-годишникот кој во сообраќајка усмртил жена