Герасимовски ги слушна жителите на „Мирослав Крлежа“ – улицата ќе биде според нивните потреби

По барање на граѓаните, идејниот проект за улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе има измена.

Жителите вчера вечер беа во салата на Советот, каде се запознаа со идејното решение.

-Подобро е да изгубиме шест месеци, но да добиеме проект кој ќе биде функционален и според вашите интереси, им рече градоначалникот на Центар Горан Герасимовски на чија покана беше оваа средба.

Герасимовски соопшти дека општината има поднесено известување до ЈП „Градски паркинг“, дека на улицата „Мирослав Крлежа“ во тек е постапка за реконструкција, поради што треба да биде ослободена од поставените знаци на тротоарските површини и по реконструкција, таа ќе стане резидентна за станарите. Вакво барање е поднесено и за улицата „Ленинова“.

Герасимовски исто така истакна дека пред секоја реконструкција ќе го практикува овој принцип на блиска соработка со граѓаните.

Претходна вестДиректорот на ТИРЗ Деспотовски е четвртиот во трката за лидер на СДСМ
Следна вестСедум починати и 342 нови заразени во 24 часа