Темен режим Режим на светлина

Германија со построги правила за алкохол кај младите

Германија со построги правила за алкохол кај младите Германија со построги правила за алкохол кај младите

Германија размислува за укинување на долгогодишен закон кој дозволува малолетници на возраст од 14 и 15 години да консумираат пиво и вино во присуство на родителите.

Според најавите, новиот предлог-закон предвидува целосна забрана на ваквата практика, со што би се укинал исклучокот што постои уште од 1952 година.

Во моментов, Германија има релативно либерални правила, според кои младите можат самостојно да купуваат и консумираат лесен алкохол од 16 години, додека помладите можат да пијат во присуство на родител.

Министерката за млади Карин Приен ја предложи оваа измена во рамки на новиот закон за благосостојба на децата, нагласувајќи дека постојната регулатива го отежнува спречувањето на зависности кај младите.

За предложените измени да стапат во сила, потребно е да бидат одобрени од владата и парламентот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Тензии околу „Лајка“: Разрешена директорката, има силни реакции

Тензии околу „Лајка“: Разрешена директорката, има силни реакции

Следна објава
(Видео) Сте слушнале ли дека?

(Видео) Сте слушнале ли дека? – Епизода 36