Германската полиција го фатила третообвинетиот за убиството на Саздо

Уапсен третообвинетиот за убиството на младиот навивач на ФК „Вардар“ Никола Саздовски – Саздо. Имено, како што соопштува „А1он“ вчера во германскиот град Хамбург, полицијата го уапсила Јетон Љужа, третообвинет за убиството на Саздо кое се случи лани летото во Автокоманда.

Љужа се наоѓа во екстрадиционен притвор, а германските власти треба да одлучат по барањето за негова екстрадиција и дали ќе го предадат на македонските власти. Обвинителството од Скопје го гони притворениот за кривично дело убиство на свиреп начин.

Инаку, во април годинава кривичниот суд ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири на по 19 години затвор за убиство на младиот Саздо. Досега третообвинетиот беше во бегство.