Ги нападнал сопругата и нејзината мајка, приведен насилник во Скопје

На 02.03.2023 во 23:15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го лишиле од слобода И.И.(47) од Скопје, затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата 45-годишна сопруга и нејзината мајка.

Тој бил задржан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот од Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестВладата: МВР и МОН усогласија мерки и упатства за јакнење на безбедноста на училиштата
Следна вестВо Шпанија уапсени десет лица поради ограбување украински бегалци