Ги слуша ли Пендаровски песните на Јонче Христовски, Васка Илиева…?

Македонската народна песна со векови силно го крепи македонскиот идентитет. Големото богатство на изворните песни од Македонија ги интрепретираа во поново време многу познати наши музички дејци. Дел од нив денеска ќе добијат ордени.

Имено, 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика денеска ќе добијат Медал за заслуги. Одликувањата ги доделува претседателот на државата Стево Пендаровски. Постхумно се наградени: Пеце Атанасовски, Никола Бадев, , Васка Илиева, Вања Лазарова, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски, додека на изведувачите Анка Гиева и Виолета Томовска ќе им биде врачен на вечерашната свеченост во Филхармонија.

Добро е што се сетија на овие истакнати дејци. Тие од срце пееја за Македонија, а песните кои ги изведуваа се вградени во македонското национално битие, идентитет и култура.

Да се потсетиме што пееја дел од наградените изведувачи:

Песната „Едно име имаме“ од Јонче Христовски:

„Покрај Егеј, Македонци, покрај Вардар, Македонци

и под Пирин, Македонци славно име, непокорно….

Едно име имаме во душата го носиме,

за тебе живот даваме о, Македонијо!…“

Песната „Љубов голема“ на Виолета Томовска:

 „За многу години Македонци, каде и да сте, за многу години, мој народе на Македонија.

Со љубов сега да наздравиме, љубов голема, за вечна да ѝ биде среќата на Македонија.

Ееј, љубов голема, ееј, и непреболена. Ееј, љубов голема, ееј, за Македонија…“

Песната „И ние сме деца на Македонија“ на Васка Илиева:

 „И ние сме деца на мајката земја на мајката земја, на Македонија,

на нашата земја, на Македонија.

И ние имаме право да живејме како и другите живот што живеат…“

 Песната „Ми заплакало селото, селото Ваташа“ на Никола Бадев:

„Ми заплакало селото, селото Ваташа.

Тринајест роса младинци носат, Моклишко горе в’долови.

Целото село станало, станало на нога.

Дајте ги вамо нашите деца, Еј, вие клети крвници.

Џелати клети не слуша, не слуша народот.

Митралез оган фрлија поган, В’градите машки младински в’селото.

По тија рамиш полиња родни, Ридишта голи тиквешки.

Тогај се народ подигна, подигна илјадно, И тргна смело да затре семе, фашиско, клето, за навек…“

Има уште многу вакви македонски песни…

Дали Пендаровски наоѓа време да ги слуша овие песни кои имаат многу што да кажат и нему и на останатите државни функционери? Или сега само дава медали на интерпретаторите на тие песни, а тој самиот повеќе е по друг тип на музика?

 

Претходна вестВо последните три дена 72 нови случаи на Ковид-19, починати 4 лица
Следна вестСДСМ: Ако Мицковски сака да биде конструктивен нека се откаже од блокадите