Ги видел како крадат на Бит Пазар, па добил куршум во нога

Пукотници на Бит Пазар, рането едно лице. Имено, синоќа во нога бил ранет работник на ЈП „Комунална хигиена“ додека ја метел улицата во близина на Албанскиот театар.

Од полицијата уште синоќа го потврдиле настанот, кој се случил за време на кражба пти што бил испукан куршум од пиштол кој завршил во ногата на четириесетидвегодишниот работник.

Според неофицијални информаци, до пикањето дошло откако чистачот ги забележал крадците како провалуваат во една од продавниците.

Повредениот работник на ЈП„Комунална хигиена“ бил пренесен во болница.