Ѓоковиќ пак покажа дека е тениски мајстор и се пласира во четвртфиналето на АО

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, го продолжи походот кон десеттата титула на Австралија опен. Српскиот тенисер во осминафиналето го декласира домашниот тенисер Алекс Де Минор за нешто повеќе од два часа игра.

Ѓоковиќ во осминафиналето го одигра најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот за што посочи и самиот тенисер. Тој на Де Минор му препушти само пет гема. На крајот победи со 6:2, 6:1, 6:2.

Австралиецот немаше ниту една брејк топка, имаше само девет директни поени и 28 неизнудени грешки. На спротивната страна Ѓоковиќ мечот го заврши со 26 винери и 27 неизнудени грешки.

Слика колку добро одиграл Србинот е и фактот дека по натпреварот новинарката на „Еуроспорт“ пред да го почне интервјуто со Ѓоковиќ рече:

– Морам да те штипнам за да проверам дали си човек…. Да, човек си, но ова беше перфекција, порача таа.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Андреј Рубљов кој претходно во драматичен меч, во пет сета, го победи Холгер Руне.

Инаку, по натпреварот Ѓоковиќ посочи дека сака да го освои Австралијан опен и така да испише историја, а воедно и да се израмни со Рафаел Надал по број на гренслем-титули.

 

Претходна вестМакедонија ќе купува системи за противвоздушна одбрана од Франција, оклопни возила, опрема за сајбер одбрана…
Следна вестПрипадници на РОСУ пукале во возило на Срби, тешко рането едно лице