Поминаа повеќе од 100 дена од почетокот на мандатот на скопскиот градоначалник. Во анкетата од пред некој ден мнозинството скопјани јасно стави до знаење дека е задоволно од почетното работење на Орце Ѓорѓиевски. Има и значаен процент кој е незадоволен, но сепак голем дел од скопјани искажаа задоволство дека скопскиот градоначалникот почна, или делумно почна со исполнувањето на ветувањата дадени на локалните избори.
Оваа висока оценка не би требало да го летне во облаци градоначалникот Ѓорѓиевски туку да го обврзе да работи уште посилно.
Прво, затоа што големиот скопски проблем – хигиената, не е решен на задоволително ниво, а и мора многу да се сработи околу јавниот превоз и многуте кучињата скитници. Загадувањето на воздухот, недостатокот од паркинг места, новите зелени површини се исто така работи кои градоналникот треба да ги сработи.
И, второ, Ѓоргиевски не треба да заборави дека високата оценка што ја доби од скопјани и не е само поради неговото работење, туку поради многу слабото работење на неговите претходници Данела Арсовска и Петре Шилегов. Тие скоро ништо не направија, па многумина добија впечаток дека сегашниот скопски татко многу работи.
Но, скопјани како ќе му истекува мандатот така ќе го подигнат нивото на оценување. Ќе успее ли градоначалникот да го подигне нивото на работење останува да се види.






