Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека заедно со делегација на Град Скопје положил цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски, пред Универзитетската библиотека што го носи неговото име. Одбележувањето е по повод државниот празник 8 Декември, посветен на најголемиот македонски учител и духовник.
Во својата објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски истакнува дека денеска со длабока почит се оддава признание пред делото на Свети Климент Охридски, чија мудрост, посветеност и учителска мисија го направиле препознатлив не само македонскиот народ, туку и пошироко во светот.
Тој потсетува дека станува збор за еден од најзначајните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, основач на првиот универзитет и творец кој ги поставил темелите на писменоста и духовноста на европската цивилизација. Делото на Свети Климент, како што нагласува Ѓорѓиевски, претставува камен темелник на македонската културна и духовна самобитност и продолжува да нè води низ времињата.
Во пораката, градоначалникот упати апел да се чува, негува и брани споменот и делото на најголемиот македонски учител и духовник.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



