Ѓорѓиевски: Голем инфраструктурен бран во Бутел – кружен тек, нови улици и мега парк

20

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави низа капитални проекти за Општина Бутел, меѓу кои изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на нови улици и формирање на модерен мега парк.

– Кружниот тек е дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел зголемена безбедност и ред во сообраќајот. Сакаме град со нула фатални несреќи до 2030 година – изјави Ѓорѓиевски.

Паралелно со тоа, ќе следи и целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, вклучувајќи нов асфалт, пешачки патеки, осветлување и атмосферска канализација за решавање на долгогодишниот проблем со поплави.

Планирано е и поврзување на „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со што ќе се намали метежот и ќе се подобри пристапот кон Бутел.

Меѓу пошироките проекти се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, а на урбанистички план, Бутел ќе добие и нов модерен мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со зелени површини, детски и спортски содржини.

Ѓорѓиевски најави и ревитализација на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.

– Овие проекти се дел од визијата за Скопје како безбеден, функционален и модерен град кој се развива во корист на граѓаните – порача тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПриведени двајца криумчари од Скопје, пронајден илегален мигрант од Турција
Следна вестПукање во центарот на Куманово, ранет доктор и носител на листа на ДУИ