Културата е срцето на Скопје, истакна Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за Град Скопје, на денешната средба со културни работници и уметници. На настанот учествуваа професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар, директорот на МНТ, филмски творци, како и претставници на МКЦ и независната културна сцена.
Ѓорѓиевски и неговиот советник за култура, Лазе Трипков, разговараа за идните културни политики, поддршката на уметниците, зачувувањето на културното наследство и отворањето на нови простори за културна експресија. Тој нагласи дека посебен акцент ќе се стави на соработката со младите таленти и независната сцена, но и со докажаните автори и институции.
-Скопје е град на слоеви – историја, уметност и визии. Со ваквите средби го градиме мостот помеѓу институциите и културните работници, создавајќи заеднички стратегии и проекти што ќе му дадат ново лице на културниот живот во нашиот град“, изјави Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



