Темен режим Режим на светлина

Ѓорѓиевски од терен: Пожарите во Скопје се закана за животот и здравјето, институциите мора да реагираат веднаш

Ѓорѓиевски нагласи дека од самиот почеток е на терен заедно со своите соработници Бобан и Дејан, активно вклучен во справувањето со огнената стихија. „Даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган,“ истакна тој.

За справување со пожарот се вклучени и општествено одговорни компании, кои со механизација и песок помагаат во негово локализирање, како и екипите на Противпожарната служба на Скопје и Министерството за внатрешни работи.

„Некој си игра со нашето трпение и здравје,“ порача Ѓорѓиевски, упатувајќи апел до сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно. Според него, скопјани не смеат да останат да се гушат во чад и отровни материи, додека државата молчи.

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје нагласи дека тој и неговиот тим ќе останат со граѓаните „сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат“.

„Здравјето и безбедноста на луѓето мора да бидат врвен приоритет. Скопје не смее да живее во страв од чад и уништена животна средина,“ додаде Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Три физички и едно правно лице ќе одговараат за огромниот пожар во Визбегово кој го загуши скопскиот регион

2.000 заштитни маски ќе им бидат распределени на жителите од Трубарево

Следна објава

Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење