Темно Режим Светло Режим

Ѓорѓиевски: Силно партнерство со Црвениот Крст за похумано Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, Саит Саити, секретарката на Црвениот Крст на град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска и стручната служба. На средбата биле договорени насоки за идна соработка меѓу Градот и оваа хуманитарна организација.

Црвениот Крст е симбол на човечноста, солидарноста и пожртвуваноста. Зад секој волонтер стои приказна – помогнато семејство, старо лице кое добило грижа или спасен човечки живот. Токму на тие приказни ќе ја градиме нашата соработка,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави зголемување на поддршката од Град Скопје преку отворање нови дневни центри, 50% повисоко финансирање за помагатели на лица со попреченост, дополнителна поддршка за пунктот за бездомници, обновување на финансирањето за тимот за итна реакција при катастрофи и набавка на 200 уреди за системот „итно копче“ за повозрасните лица.

Скопје ќе биде град кој се грижи за секој свој граѓанин, а Црвениот Крст ќе остане најсилниот сојузник во оваа мисија,“ додаде Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Европската дилема – геополитиката, екологијата и новото индустриско будење

Следниот Пост

Ѓорѓиевски: Скопје мора да стане вистински спортски центар и град на победници