Ѓорѓиевски: Владата за едни е мајка, а за други маќеа, некои општини добиваат милиони, а некои ниту денар

Владата во некои општини вложува милиони а во некои не дава ниту еден денар истакна градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски при гостувањето во „24 анализа“. Ѓорѓиевски вели дека не може инвестициите во некои општини да се 5 милиони, а во друга да не се ниту денар, односно Владата за едни да е мајка, а за други маќеа.

-За селективниот пристап на централните институции може да зборуваме со денови, како помагаат на своите миленичиња. Што значи дека нашата заложба е фискалната децентрализација да ја кренеме на повисоко ниво. Да не може некој врз лични чувства, убедувања и реваншизам да решава каде ќе инвестира. Не може во некои општини да се инвестираат од Владата по 5 или 3 милиони, а во Кисела Вода за година ипол инвестициите да се нула, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски потенцираше дека Општина Кисела Вода се наоѓа во солидна кондиција и немаме финансиски проблем.

Претходна вестАпасиев: Tаче е уценет од Алијанса, власта воведува Апартхејт
Следна вестЕрдоган: Единствениот победник на овие избори е Турција