Главна награда за „Господ постои, името и е Петрунија“ во Дортмунд

„Господ постои, името ѝ е Петрунија”, последното врвно остварување на Теона Стругар Митевска, ја освои главната награда на фестивалот во Дортмунд, посветен на женски автори (Cologne International Women’s Film Festival).
-Oдлучивме да ја доделиме главната награда овој на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата, соопшти жирито.
Овој месец филмот ќе биде прикажан на шест фестивали, меѓу кои и на Московскиот филмски фестивал. Еден од најголемите руски дистрибутери (Ruscico) го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина.