Гледаш ТВ и психијатар стануваш или психијатриски случај, зависи…

Оваа недела на телевизија само за медицина се расправаше. Уствари, не за медицината, тоа ниво го немаат наште телевизии туку за болни луѓе. Те Катица била болна, те Бокица бил болен… утрето пак се расправаше од шо се болни-колку се болни, другиот ден новинарчињата ни расправаа – кој ги лечи болните…

Абе сеопфатно медицинско набљудување ни прикажуват. Човек ако редовно ги следи, лесно ќе стане психијатар или у најмала рака психијатриски случај.

Колку да се разбие у вестите имаа и по некој прилог дека нервозни и насилни типове тепаат доктори и медицински сестри, ама сепак и тоа си беше у медицинската свера…

Само немаше ништо на екрано цела недела дека и народот се поболе. Шо од овие болните, шо од овие шо се болни ама се преправат дека се здрави. Ама важен ли е народо и неговото здравје кога и златните ни телевизии веќе ми се чини не се со арно здравје.