„ГЛУМиЦИ“ од вчера во МКЦ

Од вчера во Младинскиот културен центар се прикажува најновата претстава „ГЛУМиЦИ“ во продукција на „Артропија“. Распродадените билети ја преполнија салата, а за следните изведби се најавени дополнителни информации.

-Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколку пати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш. Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе. Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правиле токму ова. Да пробаме заедно, па ќе видиме, велат од „Артропија“ во најавата на претставата.

Таа е поддржана од Град Скопје и Министерството за култура.