„Глупави се соопштенијата на СДС каде се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер, нема тајни средби на јавен настан“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

33

Глупави се соопштенијата на СДС каде наводно се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер Главчев. Нема тајни средби на јавен настан пренесуван во живо, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

– СДС не треба да се грижи поминаа времињата кога премиерот Заев служеше за потсмев на меѓународна сцена додека тој самиот ја виткаше кичмата на Македонија и потпишуваше се што му ставаа на маса само за да го покрие криминалот на бате Вице и неговите блиски пајташи. Неговиот по криминал брат Филипче сега ја продолжува таа практика но за среќа прочитани се. Тие се грдото лице на едно поразено бреме, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестБесплатно членување во спортски клубови на децата од социјално ранливи групи и училиштен прибор и ранче за секое прваче од ранлива категорија
Следна вестСиљановска Давкова во посета на Центарот за обука на вода во Охрид