Го бара ли полицијата тинејџерот-пироман кој се фали со палење шуми?

Момче кое на социјалната мрежа Тик Ток се потпишува како „џељокинг2020“ свесно предизвикува пожар во шума. Со пироманството ова момче лично се пофалило на оваа социјална мрежа со кусо видео каде се гледа како со запалка потпалува грмушки и понатаму го снима ширењето на пожарот кој го предизвикал.

Од видеото не може да се види за која локација станува збор ниту кога се случило предизвикувањето на пожарот. На оваа социјална мрежа, инаку, младите најчесто објавуваат забавни видеа.

Објавата на ова момче предизвика бројни реакции на граѓаните кои почнаа масовно го споделуваат видеото од пироманот, со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.

На неговиот профил на „Тик Ток“ јасно се гледа неговото лице, па оттаму полицијата лесно би можела да го лоцира.

Претходна вестВладимир Панчевски осуден на три и пол години затвор
Следна вестПак ли Универзална сала e оставена да чмае до некои нови ветувања?