Бил нападнат со секира додека се качувал на својот мотор

Сообраќајните несреќи не се единствените трагични работи што се случуваат на скопските улици. Вчера попладне мотоцоклист за малку спасил жива глава откако друг човек го нападнал со секира додека овој се обидувал да тргне со моторот. За среќа напаѓачот го закачил задниот дел од моторот.
-На 14.05.2019 година околу 17.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(17) од село Катланово пријавил дека во атар на село Катланово, кај „Катлановска Бања“, непознато лице се обидело да го нападне со секира. Според пријавеното, додека Ф.С. управувал мотоцикл, бил повикан од непознатото лице кое со секира замавнало кон него и со секирата удрило во задниот дел од мотоциклот. После тоа, исто така според пријавата, Ф.С избегал и за настанот го известил неговото семејство. Кога сите заедно повторно отишле на местото го збележале лицето со нож во раката, по што заминале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, стои во записникот од МВР.