Го напиша „Црно Семе“, ги опиша страдањата на Македонците: На денешен ден е роден – Ташко Георгиевски

На денешен ден во 1935 година, во с. Кронцелево, Егејска Македонија, денешна Грција, е роден познатиот писател, прозен белетрист, романсиер и филмски сценарист Ташко Георгиевски. Тој бил и новинар целосно преокупиран со прогонот и страдањата на македонскиот народ од Егејска Македонија. Неговата уметност во современата македонска книжевност била да воведе оригиналност со изразени национални теми.

Тој на 11-годишна возраст, со своето семејство од Воденско пребегал поради грчките притисоци во селото Мариово, потоа и во прилепското село Долнени. Се школувал во Скопје, а студирал книжевност, но факултетот никогаш не го завршил.

Се вработува како новинар, а подоцна станува и уредник во Македонската телевизија.

На 21 година дебитира со својот прв расказ „Ние зад насипот“, а четири години подоцна го издава првиот роман „Луѓе и волци“, по кој започува неговата плодна писателска кариера. По низата романи за судбината на Македонецот од егејскиот дел, мотивот за прогонот, насилствата и теророт кој го претрпеле Македонците најдобро го опишува во одличното дело „Црно семе“.

Во него можеби и најдобро ја пренесува неговата суштина, односно колку е голема љубовта на на  Македонецот за татковината, а идејата на истиот е дека никакви насилства, терор, тортура не можат да го скршат човековото достоинство и да му го погазат чусвствотот за национална припадност. А тоа најдобро го објаснил преку примерот на македонците кои биле затворени на пуст остров во Егејското море се со цел да се „превоспитаат“.

Во неговата плодна кариера има напишано тринаесет романи, три филмски сценарија, четири радио драми, а добитник е и на многу награди и признаниа меѓу кои се „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“ и „Рациново признание“.

Тој почина на 13 април 2012 година, беше член на МАНУ.

Претходна вестОблачно и релативно студено време со повремени врнежи од дожд
Следна вестМЗТ Скопје со убедлива победа против Куманово