Во светот на автомобилите се повеќе се пробиваат возилата на елетричен погон. Но, изненадувачките податоци од студијата спроведена од SP Global покажуваат дека сопствениците на електрични автомобили не се строго посветени на електромобилноста.
Ако Tesla биде отстранета од резултатите на анкетата, излегува дека во првата половина од оваа година, само 52,1% од домаќинствата во Америка остануваат лојални на електричната енергија како возач на нивните автомобили.
Намалувањето на лојалноста може да се припише на намалувањето на отвореноста за купување електрични возила. Неодамнешното истражување на потрошувачите покажало дека размислувањето за купување електрично возило паднало од високото ниво од 81% во 2021 година на 52%.
Цените, инфраструктурата и досегот биле првите три причини зошто потрошувачите не купуваат електрично возило. Хибридно возило, дури и класично управувано возило, многумина го гледаат како решение.
Инаку, сопствениците на луксузни електрични автомобили се значително полојални. Стапката на лојалност во луксузниот сегмент остана постојано над 70%.
Студијата дефинитивно укажува дека има дел од сопствениците на електрични возила кои се враќаат на класичните погони, но не ја открива причината. Дали тие бараат само возило со различни карактеристики или се незадоволни од електричниот погон, останува отворено прашање.