Голем пожар кај Криволак, се бара помош од АРМ

На подрачјето на Општина Неготино е добиена информација за појавен пожар на полигонот Криволак.

Според информациите од РЦУК Велес, стапено е во контакт со Воениот Полигон Криволак од каде известиле дека појавен е пожар на АБХ стариот полигон на непристапен терен.

-За точното време на појавување не е познато, се смета дека најверојато во ноќните часови. Изутрината се известени од дежурниот во Полигонот, велат од ЦУК.

Засега нема интервенција на истиот затоа што не можат да пристапат до теренот.

Тие додаваат дека за пожарот известени биле надредените во АРМ и е побарано интервенција со хелихоптер заради непристапниот терен и дека истиот е од поголем обем.

Претходна вестЦената на такси – превозот врзана со цената на бензинот: Старт 50, секој километар – 30 денари
Следна вестЗапочна реконструкција на улицата „Козара“ во Капиштец