Голем пожар кај Струмица, ветрот го шири неконтролирано во повеќе правци, загрозени куќи во селото Баница

261

Голем пожар кај Струмица, ветрот го шири неконтролирано во повеќе правци, загрозени куќи во селото Баница.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот почнал да се шири и кон патот Струмица-Радовиш, во правец на селото Василево.

-Ангажирани се сите капацитети на ТППЕ Струмица, а на помош се повикани и пожарникари од блиските градови, кои пристигнаа и се вклучија во гаснењето. Пожарот е многу голем и преземаме се што е во наша моќ да не дозволиме уште повеќе да се шири, но засега силниот ветар ни ја отежнува работата, кусо изјави за МИА, Гудев.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој и самиот се вклучи во гаснењето, пред малку информираше дека пожарот е локализиран на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во селото Баница.

-Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат, објави на неговиот фејсбук профил.

Инаку, неофицијално пожарот избувнал на повеќе места одеднаш.

Претходна вестПричина за смртта на најголемиот број млади во трагедијата во Кочани е гушење со гас со јаглерод моноксид
Следна вестВремето денеска сончево со умерена облачност