Голем пожар во бараките во Градски парк

Голем пожар гори од објект во непосредна близина на „Томче Софка“ во скопско Дебар Маало. Станува збор за бараките каде е сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк. Противожарната екипа е на терен и веќе го гаси пожарот со четири протипожарни возила.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека се работи за поголем пожар и оти на терен ќе бидат испратени дополнителни возила.

Причината за пожарот се уште не е позната, а засега нема информации за повредени. Пожарот е пријавен околу 16 часот.

Претходна вестЗапрена изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци
Следна вестИзгаснат пожарот во старите бараки во Парк