Голем пожар во Белград, гори кинески трговски центар

Голем пожар во Кинески трговски центар избувна утрово околу 7 часот во Белград, во населбата Блок 70. Од деловните објекти се крева густ облак чад додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат огнот. Ова е нов пожар во овој комплекс по големиот пожар во 2021 година.

Се уште не е позната причината за пожарот. На лице место интервенираат 15 противпожарни возила и 51 пожарникар.

Сопственциите на трговските дуќани коишто се уште не се зафатени со огнот се обудуваат да ги изнесат производите надвор од објектите. Се слушат и детонации. Според некои информации, на пожарот му претходела експлозија. Активиран е и еден хеликоптер за да помогне во гаснењето.

Претходна вестАЦВ подготви 11 задолжителни мерки за М-НАВ, прекршочни платни налози за фирма и лица…
Следна вестКазнети 158 возачи во Скопје, 42 од нив возеле пребрзо