Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ ќе има нов предизвик во својата кариера. Големата надеж на македонската кошарка се сели во САД, поточно во НЦАА лигата, каде во иднина ќе го носи дресот на Андреј Шошкиќ, Стони Брук Сиволвс.
Најдобриот млад македонски кошаркар за 2021 и 2022 се реши својата кариера да ја гради во државата каде што се игра најдобрата кошарка во светот – поточно во развојната НЦАА лига, каде до оваа сезона настапуваше Андреј Јакимовски.
Инаку, Шошкиќ е дете на Работнички, а уште на свои 17 години за првпат се најде во поширокиот список на сениорската селекција на Македонија.