Големи поплави во Србија, дел од автопатот однесен од вода

Борбата со излеаните реки и потоци и проблемите што ги носат пороите не престанува. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија. Во 37 градови и општини е прогласена вонредна состојба, пренесува телевизијата Н1.

Во Јагодина реката Белица достигна критично ниво. Два градски моста се затворени за сообраќај и утврдени со бедеми.

Во Крагуевац поради обилните врнежи од дожд поплавени се подрумските простории на хируршкиот блок на Ургентниот клинички центар, Ѓачки трг, како и неколку улици во населените места Станово, Грошница и Велико поле. Исто така, синоќа, како што може да се види на видеата на социјалните мрежи, водата стигнала до влезот во воената фабрика Лепеница.

Водата поплави околу 100 куќи и дворови, а евакуирани се 14 граѓани, меѓу кои и едно дете.

Зоран Кочовиќ, раководител на Управата за вонредни состојби во Крагуевац, за порталот ИнфоКГ изјави дека нема луѓе во опасност, но има многу поплавени домаќинства и дворови.

Поради обилните врнежи падна карпа на патот за Вишеград кај тунелот Шарган.

Поради обилни врнежи утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани.

Водата го однела мостот во близина на Краљево, сообраќајот кон Чачак е во прекин. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија.

Градоначалникот на Краљево и шеф на Штабот за вонредни ситуации на тој град, Предраг Терзиќ, најави дека денеска ќе биде прогласена вонредна состојба на целата територија на градот.

Благодарение на акумулацијата Ровна како и регулирањето на дел од коритото, состојбата во сливот Колубара моментално е во режим на редовна одбрана од поплави и покрај тоа што во регионот Ваљево 24 часа врне без престан. , потврди за Н1 Ѓорѓе Малешевиќ од ПД „Еросија“ Ваљево.

 

 

 

Претходна вестНевидена наезда на штурци во САД: Со машини за снег ги чистат патиштата
Следна вестДобро е што Бундестагот донесе Резолуција, но треба да се направи многу повеќе…