Темно Режим Светло Режим

Големи пожари во Грција, во пламен популарно одморалиште, 1.200 деца евакуирани од кампот

Пожарите беснеат во неколку грчки приморски градови, а во опасност се познатите летувалишта Саронида и Лутраки. Според грчките медиуми, пожарите на овие места избувнале во рок од неколку часа, а од синоќа стотина пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот, пишува „Прототема“.

Проблемот е што во овој дел од државата дува силен ветер, што го отежнува гаснењето на пожарите. Во моментов на терен се 120 пожарникари со четири пешадиски единици и 43 возила, а од воздух се борат пет авиони и еден хеликоптер. Мобилизирани се уште четири авиони и еден хеликоптер.

Првичните извештаи покажуваат дека повеќе од 1.000 хектари шума, борови и грмушки веќе се опожарени. Исто така, околу 30.000 луѓе беа загрозени и итно беа евакуирани.

Покрај овие места, противпожарни и спасувачки екипи, како и армијата во Грција, се обидуваат да ги локализираат пожарите кои избувнаа на повеќе локации, во источна Атика, Капарела, Лутраки и Дервенорија. Најтешка е состојбата во Дервенохорија каде непристапниот терен со засилен ветер и екстремните временски услови кои се очекуваат и денеска не дозволуваат локализирање на пожарот.

Во крајбрежниот град Лутраки, западно од Атина, 1.200 деца беа евакуирани додека пожарот се приближи до нивниот камп. Исто така, прекинати се и некои линии од железничкиот сообраќај.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој во моментов е во Брисел на самитот, изјави дека земјата прави се што е можно да помогне.

– Денес во суштина е првиот напорен ден од летото. Без сомнение ќе следи повеќе. Шумски пожари се случија и ќе се случуваат. Тоа е, исто така, еден од ефектите на климатската криза што ја доживуваме се посилно“, рече Мицотакис.

Според прогнозите, силниот топлотен бран што го зафати регионот не покажува знаци на стивнување, а грчката метеоролошка служба предупреди дека ризикот од нови пожари останува висок.

Претходниот Пост

120-годишен јубилеј: Ново издание на капиталното дело „ За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков

Следниот Пост

Американска нуклеарна подморница вплови во јужнокорејските води, САД и Јужна Кореја се кординираат за можна нуклеарна војна со Северна Корејаа