Голф терени поважни од сообраќајната сигнализација во Горно Лисиче

Се отвори патот за изградба на голф терените во Аеродром, така барем вчера најави градоначалникот Златко Марин, откако потпиша Меморандум за соработка со претседателот на голф федерацијата на Македонија, Наум Јанакиев.

-Потпишувањето на овој меморандум е од огромно значење за Општина Аеродром, затоа што отвора едно сосема ново поглавје во областа на спортот и популаризација на голфот во нашата држава. Интензивно ќе работиме на реализација на идејата за изградба на првите голф терени во нашата земја, изјави Марин.

Јавноста побрза да се пошегува, на сметка на градоначалникот, истовремено критикувакјќи го што најде време да се фотографира со Јанакиев, да планира и реализира голф терени, ама нема време и за да им ги реши проблемите. На пример еден од последните е тој со сообраќајната сигнализација во селото Лисиче. Завчера општината само даде најава дека се работело на поставување. Но споредено со ажурноста во врска со голф терените…

Па аеродромци се прашуваат поважни ли му се на Марин голф игри од безбедноста на граѓаните?

– Општина Аеродром постапи по забелешките на Министеарството за внатрешни работи, од кадешто се очекува позитивен одговор, бидејќи се прифатени сите сугестии. Штом го добиеме одговорот веднаш ќе пристапиме кон реализација на проектот, а жителите на Горно Лисиче во најскоро време ќе ја добијат бараната сигнализација, рекоа пред два дена од локалната самоуправа.

За граѓаните е неприфатливо брзо и ефикасно да се одвива планирањето на голф терените, а за сообраќајната безбедност да се зборува во формулации со „наскоро“, „ќе“, „чекаме одговор“…

Претходна вестОд утре по социјална помош и детски додаток, но по азбучен ред
Следна вестОтворање на изложбата „Иван Велков, 90 години од раѓањето“