Голготата со сомнителниот случај заврши: Нема мајмунски сипаници мажот од Кичево

Заврши голготата со Кичевецот кој беше сомнителен случај на мајмунски сипаници. Денеска медицински екипи сепак го тестирале и резултатот вечерва покажал дека е негативен. Тоа значи дека до овој момент во Македонија нема ниту еден случај на овој вирус.

-Потсетуваме дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог. Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација, внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки,  велат од Министерството за здравство.

Инаку драмата со овој сомнителен случај на мажот вратен од Австрија во Кичево, трае од вторникот. Комисијата за заразни болести прво рече дека тој се тестирал и резултатите патуваат кон Скопје, потоа дека одбивал и не сакал да се тестира, па дека до крајот на неделава ќе мора да се сложи… За денеска сепак работата конечно да се заврши.

Претходна вестСудот му го одзеде пасошот на Жан Митрев
Следна вестНаградата „Живко Чинго“ за расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“