Темно Режим Светло Режим

Голманот Митревски херој на Пелистер во неизвесно реми со ГОГ

Голманот Митревски херој на Пелистер во неизвесно реми со ГОГ Голманот Митревски херој на Пелистер во неизвесно реми со ГОГ

Еурофарм Пелистер одигра 28:28 на гостувањето кај ГОГ Гудме во 12. коло од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак долго време беше во подредена позиција, но во клучните минути успеа да направи пресврт и да стигне до бод.

Голманот Никола Митревски со 13 одбрани беше клучен за Пелистер, кој со овој бод стигна до пет и останува на седмото место на табелата, додека ГОГ Гудме е на шестото место со девет бодови.

Мечот започна лошо за битолчани – домаќините поведоа со 4:1, а кон средината на првото полувреме имаа и 8:4. Во еден момент ГОГ водеше со пет гола предност (13:8), за на полувреме да замине со 15:11.

На стартот на второто полувреме, Пелистер повторно за момент водеше со пет гола разлика (16:11), но домаќините не се предаваа и продолжија да држат предност. Со резултат 23:19, следеше пресвртот за македонскиот првак. Со одлична серија од 6:1, Пелистер за првпат на мечот стигна до водство (25:24), а потоа следеше неизвесен финиш со игра гол за гол.

Во последната минута, ГОГ водеше 28:27 откако беше исклучен Граховац кај Пелистер. Но, со играч помалку, Видомски израмни на 28:28 само седум секунди пред крајот. Последниот напад на ГОГ не резултираше со гол благодарение на добрата одбрана на битолчани.

Претходниот Пост
Историско раѓање во Лондон – бебе родено по трансплантација на матка

Историско раѓање во Лондон - бебе родено по трансплантација на матка

Следниот Пост
Зошто вашето куче секоја вечер сака да спие покрај вас?

Зошто вашето куче секоја вечер сака да спие покрај вас?