Гореа три возила на паркинг во Ново Лисиче

Опожарени автомобили во Скопје. Имено, утрово во Аеродром, поточно во Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Ова можеше да се види на социјалните мрежи каде е споделено видео од немилиот настан.

Од МВР велат дека едно возило изгорело, а други две биле делумно опожарени.

-На булеварот АСНОМ, на паркинг констатирано е дека целосно е опожарено возило марка „Сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје и делумно опожарени две возило марка „Фиат пунто“ сопственост на И.Н. (41) од Скопје и возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблици сопственост на К.С. (73) од Скопје, известуваат од полицијата.

Пожарот бил изгаснат од Противпожарната бригада, повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.

Претходна вестЏабе ти се фотките од пиромани и крадци
Следна вестЧетири пациенти починаа од вирусот, потврдени се 85 нови случаи