Гореле возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Два автомобила синоќа биле опожарени во Тафталиџе. Прво се запалил „Мини купер“, а потоа пламените јазици го зафатиле и соседното возило „Шевролет“. Сопственички на возилата се пејачката и водителка Сузана Турунџиева и нејзината колешка пејачката Ребека Јанковска Ристески. Пожарот избувнал околу 3 часот на булеварот „8-ми септември.

Двете пејачки за медиумите потврдиле дека рано утрово нивните автомобили биле опожарени. Едниот автомобил изгорел целосно, а кај другиот пламените јазици зафатиле само делови од возилото.

Полицијата извршила увид на местото на пожарот. Засега нема информации дали оганот бил подметнат или друга е причината за пожарот.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

 

*фотографијата е илустрација и е од друг пожар на автомобил