Гореше куќа во Чаир, три лица завршија во болница

Пожар избувнал ноќеска во 3.35 часот ноќеска во семејната куќа на лицето Е.А. на улицата „Фан Ноли“ во скопската општина Чаир.

Притоа Е. А. (43), Ф. А. (44) и Е. А. (26) вдишале чад и биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, објави МВР.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.

Претходна вестГевгеличанец превезувал 13 мигранти, полицијата го приведе
Следна вестЖичарницата на Водно од денеска ќе работи од 10 до 17 часот