Гореше синоќа „Ауди А8“ во Скопје

Изгоре автомобил во Скопје. Имено, синоќа во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул.„Ресенска“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „Ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р.(35) од Скопје.

Во пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје.

Полицијата ќе врши увид во текот на денот. Засега не се познати причините за пожарот.

Претходна вестНови 186 лица во изолација, казни за 585 граѓани за неносење маски
Следна вестУапсени две млади лица во Аеродром, носеле марихуана со себе