Гореше дел од затворот Идризово

Попладнево избувна пожар во затворот Идризово. Огнените јазици почнале од стариот дел на затворот односно делот каде што се чувале ќебиња и душеци. Веднаш интервенирале службениците од затворската полиција кои го спречиле ширењето.
Според информациите кои не се официјално потврдени – бидејќи од МВР до овој момент детали нема- никој од затворениците или вработените не е повреден. А во меѓувреме пристигнала и противпожарната бригада.
Затворската полиција евакуирала и дел од вработените кои се наоѓале во тој дел од затворот.
Се очекуваат официјалните информации за тоа како избил пожарот и дали можеби е подметнат.