Центарот за управување со кризи извести дека денеска, околу 11 часот, избувнал пожар во атарот на село Милетино, општина Брвеница.
-Пред малку пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа два ‘ер трактора’ на ДЗС и еден хеликоптер на МВР, кои ќе им помогнат на пожарникарите од ТППЕ Тетово во гаснењето на овој пожар, велат од ЦУК.
Фото- архива