Гори стрниште покрај Битола, пожарникарите се на терен

32

Гори големо стрниште во близина на Битола кај Црна Река. Екипите на противпожарната единица на Битола веќе се на терен и според нив нема никаква опасност од проширување на пожарот, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај Црна Река. Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката.

Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне пожарот, информираше вечерва ЦУК.

Претходна вестПриведени се Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов
Следна вестОбвинителството бара 30-дневен притвор за Бектеши и уште тројца поранешни функционери од Министерството за економија