Горивата пак поскапуваат, дизелот стаса до 102 денари

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по повисока цена, во просек, за 1,30 проценти, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се зголемува за 2,50 ден/лит, а на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг.

Со тоа моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 110,00 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар), дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 102,00 (денари/литар), масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар) и мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм).

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,179 отсто, кај дизелот за 1,697 проценти, кај екстра лесното масло за 1,673 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 0,482 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,009 отсто, соопшти РКЕ.

Претходна вестЕкспресно: Владејачкото мнозинство реши однесувањето на Талат Џафери да се тргне од расправа
Следна вестСе предлагаат четири блок-тарифи за да оние кои трошат повеќе струја плаќаат и повеќе