Горивата поевтинуваат до 3,5 денари

Од вечерва на полноќ се намалуваат моалопродажните цени на горивата во Македонија. Имено, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска одлучи дека цената на еуросупер БС-95 се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 90 денари, додека на еуросупер БС-98 се намалува за два денари и ќе се продава за 92 денари.

Цената на еуродизел (Д-Е V) се намалува за три денари и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 90 денари.

Од РКЕ укажуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување.

Претходна вестУбаво: Од септември бесплатен таблет за над 800 ученици во општина Аеродром
Следна вестСончево и топло, попладне можни се грмежи и пороен дожд