Темен режим Режим на светлина

Гориво има, цените засега се стабилни, Мицкоски сега и со иницијатива за енергетско будење на целиот Балкан

Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција: Не ни треба процес без крај, туку заслужена европска иднина Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција: Не ни треба процес без крај, туку заслужена европска иднина

По неколкудневните турболенции сега на бензинските пумпи ситуацијата се потсмири. Цените засега се ставени под контрола, а граѓаните воедно и сфатија дека гориво во Македонија има доволно. Снабдувањето е стабилно, а редиците кои се создаваа на почетокот на кризата веќе се минато.

Дополнително, на светските берзи цената на суровата нафта почна да паѓа, по смирувачките пораки и дипломатските сигнали меѓу САД и Иран.

Плус македонската влада покажа дека има механизми да спречи поголемо покачување на цените. Со намалувањето на ДДВ за горивата и договорот со ОКТА за дополнителен попуст на дизелот, беше спречен ценовен шок.
Во услови на глобална неизвесност, ваквите интервенции имаа директен ефект врз стабилизирање на пазарот. Сето ова како да го стопира и избрзаниот раст на некои цените во македонските маркети.

Паралелно со смирувањето на состојбата дома, премиерот Христијан Мицкоски најави и регионална иницијатива за енергетско поврзување на Западен Балкан. Целта е заеднички енергетски проекти со кои регионот би настапил како сериозен инвестициски пазар, со потенцијал од неколку милијарди евра. Идејата е преку здружени капацитети да се зголеми енергетската стабилност и да се намали зависноста од надворешни кризи.

Ваквиот пристап може да донесе долгорочна сигурност, но и пониски цени за граѓаните. Пораката е јасна – со навремени мерки и регионална соработка, кризите можат да се амортизираат.
Сепак останува важно и понатаму власта будно да ги следи и збиднувањата со сегашната енегретска криза предизвиката од војната на Блискиот Исток.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Често дишеме отров, не треба странци да не потсетуваат на тоа, доволно е да отвориме прозорец

Често дишеме отров, не треба странци да не потсетуваат на тоа, доволно е да отвориме прозорец

Следна објава
Полицијата уапсила шофер во јавниот превоз без возачка дозвола, контролираат ли директорите на превозните компании кој им ги вози автобусите?

Полицијата уапсила шофер во јавниот превоз без возачка дозвола, контролираат ли директорите на превозните компании кој им ги вози автобусите?