Гостивар повлече неколку интересни потези во овој летен преоден рок, се засили со доста играчи меѓу кои и неколку домашни асови кои изминативе години постојано играа надвор од нашите граници како Душко Трајчевски, Марко Симоновски и Зени Хусмани.
Меѓутоа се чини за крајот е оставено најзвучното име ако се погледне неговата тежина, кариерата, а тоа е Набил Дирар.
Сите оние кои редовно ги пратат фудбалските случувања добро знаат кој е Мароканецот кој во карирата играше за клубови како Монако Фенербахче и Бриж повеќе од една деценија.
Сега тој доаѓа во Македонија, а Гостивар му подготви промо видео.
Офанзивецот сега има 38 години, последен тимму беше Шифланш 95 од Луксембург.