Гостиварец пронајден починат на Маврово

Во вечерните часови на 31 август во полициското одделение Маврово било пријавено дека во селото Ниќифорово, на околу 500 метри од планинарскиот дом, бил пронајден починат 80-годишниот У.Ј. од Гостивар.

Доктор од Здравствениот дом Маврово констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од канцеларијата за криминалистички работи во Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на судска медицина.

Претходна вестУчилиштата до 10 септември треба да достават барања за настава со физичко присуство
Следна вестСЗО: Европа може да живее со коронавирусoт и без вакцина