Град Скопје почнува со присилна наплата на данокот на имот и фирмарина

Град Скопје ги известува граѓани дека во согласност со Законот за даноците на имот, започнува постапката за присилна наплата на неплатените обврски за годишен данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.

-Во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на градот. Рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е веќе поминат и изготвени се решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници, наведуваaт градските власти, пренесува Макфакс.

Доколку обврзниците на постапат по ваквите решенија, ќе биде изготвено решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.