Градоначалникот на Гази Баба Стефковски секој вторник два часа ќе комуницира со граѓаните

Од денеска па секој нареден вторник граѓаните ќе имаат можност два часа да комуницирата со градоначалник на скопската општина Гази баба Бобан Стефковски. Во објавата на неговиот профил на социјална мрежа Фејсбук Стефковски напиша дека ќе започне да функционира нова алатка за комуникација со граѓаните – “Прашај го градоначалникот”

-Почнувајќи од денес, 24.01.2023 година (вторник), па секој нареден вторник во период од 18:00 до 20:00 часот, секој граѓанин ќе има можност да постави прашање до мене на кое во истиот временски период ќе добие одговор. Денес во 18:00 часот ќе го објавам линкот под кој секој граѓанин ќе има можност да го постави своето прашање. Целта на оваа нова алатка е да го слушнам секое прашање, проблем или мислење од граѓаните, бидејќи се што доаѓа од народот, заслужува внимание, наведе Стефковски.