Градоначалникот на Загреб чистеше смет заедно со вработените

Вчера беше постигнат договор меѓу работниците во „Чисточа“ и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ и беше прекинат повеќедневниот штрајк. Работниците започнаа вчера да го собираат сметот во Загреб. Томашевиќ на прес-конференцијата рече дека тој и работниците ќе го собираат сметот низ Загреб.

– Ова беше искрен и добар разговор што го имавме со работниците. Благодарам на сите работници за трпението. Она што е јасно е дека треба да се подобрат условите за работа. Се понудив  да одам да поминам неколку часа со работниците на терен. Затоа сум така облечен. Ќе одам да видам како се на теренот, на терен сум следните неколку часа. Јас сум вака облечен и одам на терен за да учам од нив како да работам. Би ја работел целата смена, но морам да се вратам на седницата, изјави вчера Томашевиќ.

 

Претходна вестВозило излетало од патот, две лица повредени
Следна вестДа не се блокираат патиштата за роденденот на Гоце Делчев, МВР биле тука, порачува Спасовски