Градот Скопје ќе им исплаќа субвенции на граѓаните што аплицирале за инвертер клими купени во 2025 година

60

Градот Скопје ќе исплати субвенции за инвертер клима уреди купени во 2025 година. На сите граѓани кои аплицирале на јавниот повик, Градот Скопје ќе им исплати по 20.000 денари по домаќинство.

„Со оваа мерка правиме чекор напред кон почиста и поздрава животна средина. Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје”, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПретреси во Скопје и Куманово поради сомневање за „злоупотреба на службена должност“
Следна вестКисела Вода ја заврши реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“, со должина од 1.2000 метри