Градот Скопје: Не е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на „Љубљанска“

Не е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на „Љубљанска“ од страна на инвеститорот и изведувачот, соопшти денеска Градот Скопје. До соопштението доаѓа по барањето на граѓаните целосно да не се затвора кејот поради изградбата на овој објект бидејќи со тоа ќе се оневозложи движењето на рекреативците и други граѓани.

-Техничките решенија мора првенствено да обезбедат безбедно и сигурно движење на кејот и Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на тој потег на кејот. Сметаме дека, водејќи се од приоритетот за безбедноста на граѓаните, треба да се разгледаат повеќе технички издржани решенија од инвеститорот и изведувачот, со кои би се излегло во пресрет на барањата на граѓаните, се наведува во соопштението.

Градот Скопје потенцира дека во овој проект Град Скопје се појавува само како иден корисник, додека инвеститор на проектот е Влада на РМ, финансиер на истиот е ТАВ Македонија, а изведувач на проектот е ТАВ ТЕПЕ АФКЕН, а како подизведувач е ангажирана компанијата ГРАНИТ АД Скопје. Реализацијата на овој мост е дел од проектот на Владата за промена на намената на средствата од концесискиот договор со ТАВ Македонија, кои требаше да бидат искористени за карго аеродром во Штип и наместо тоа, истите се инвестираат во проекти од локално значење.

Согласно обврските од договорот, Градот Скопје, единствено претставува иден корисник на проектот, што всушност произлегува од законските надлежности за управување со улици во надлежност и во конкретниот случај, ниту се јавува како инвеститор, ниту како финансиер или изведувач

Претходна вестМуареми најави кривични за Русковска, Трајчева и Јосифовска
Следна вестИстрага за насилник кој со пиштол заплашувал семејство во Скопје